Вести

Младо момче загиина во сообраќајна несреќа во Куманово

Младо момче загиина во сообраќајна несреќа во Куманово

Во сообраќајна несреќа во Куманово, ноќеска, животот го загуби едно лице. Според информациите на жителите на улицата Тоде Думба несреќата се случила два часа после полноќ, кога автомобил кој се движел на улицата Тоде Думба излетал и паднал на улицата Драган Стопаревиќ.

– Слушнавме силен звук и кога излеговме надвор со внук ми видовме како едно дете лежи на улицата, а автомобилот беше забиен во дрво, изјави жител на улицата Тоде Думба.

Тука е многу опасно и многу жртви има во сообраќајни несреќи, можеби оваа е петта несреќа во која има жртви, вели тој.

Според информациите од секторот за внатрешни работи Куманово, на 13 јануари во 2 36 часот на улица Тоде Думба во Куманово, патничко возило Пежо со кумановски регистарски ознаки во кое се превезувале две лица П.П. 26 годишен и Н.С. 29 годишен, двајца од Куманово, удрило во ограда и во паркирано возило. На место на несреќата починал П.П., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.

Н.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во општа болница во Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Radio Bum

January 13th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *