Вести

Отворен повик за субвенционирање на системот капка по капка и за ископ на нови бунари

Отворен повик за субвенционирање на системот капка по капка и за ископ на нови бунари

До 27 јануари ќе биде отворен повикот за аплицирање на земјоделците за кофинансирање на системот за наводнување – капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода, информира Џабир Рамадани, регионален раководител на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

Според Рамадани, за подмерката „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, најмногу се заинтересирани земјоделците кои што имаат овошни насади. Нема ограничувања за културите кои ќе се наводнуваат по системот капка по капка, единствениот услов е ако аплицираат за пченка или фуражни култури треба да имаат насади на два хектари површина, а за лозови, овошни насади и градинарски култури треба да имаат насад од два декари.

-До 1.800.000 денари е прифатлива вредност за набавка и сместување на системот капка по капка. Тука се опфаќа целиот систем од набавка на опрема и приклучни елементи на тој систем за наводнување капка по капка до компјутеризација на истиот. Оваа мерка 121 е широка мерка која ги опфаќа сите активности на земјоделци кои се за модернизација на земјоделски стопанства. Дел од тоа е оваа подмерка, која е поврзана со кофинансирање на системот за наводнување капка по капка, значи домодернизација, а за конструкција на бунар прифатлива вредност е до 364.000 денари максимум. Тоа се однесува за еден бунар, ископ, елементи, цевки, филтри и сл. целиот систем капка по капка опфаќа и електрична енергија со сите пропратни работи, почнувајќи од довод на електрична енергија, набавка на агрегати, фотоволтаични панели. Додека ако се однесува за поставување на систем капка по капка со користење на вода од хидромелиоративните системи, како што е нашето земјиште под систем за наводнување тогаш од документи треба само да има склучен договор со Водостопанство дека ја користи таа вода и се приклучува на тој систем. Ако се однесува за бунари тогаш ќе треба, ако веќе е ископан бунар или сака да ископа бунар иста е процедурата со иста документација, за да се легализира тој бунар, изјави Џабир Рамадани, регионален раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

За поддршката можат да аплицираат земјоделци кои што се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Јавниот повик беше објавен на 29 декември минатата година.

Radio Bum

January 12th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *