Вести

Општина Куманово ќе ги субвенционира ранливите категории на граѓани за вода и ѓубре

Општина Куманово ќе ги субвенционира ранливите категории на граѓани за вода и ѓубре

Општина Куманово објави повик за субвенционирање на трошоци за комунални услуги наменето за социјално ранливи категории граѓани.

Цоки Ристевски, раководител на сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита вели дека повикот ќе биде отворен до 28 јануари. Граѓаните ќе се субвенционираат со 1200 денари на месечно ниво, а договорот ќе биде потпишан за една година.

Според информациите на Ристевски за оваа помош можат да аплицираат:

Самохрани родители кои живеат на територија на Општина Куманово, родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18 годишна возраст на детето или до 26 годишна возраст доколку се образува), како и самохрани родители на деца со попреченост до 26 годишна возраст;

Стечајни работници кои живеат на територија на општина Куманово и се евидентирани на соодветна листа на Здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1 од Општина Куманово;

Згрижувачки семејства кои имаат згрижено едно или повеќе деца без родители или без родителска грижа;

Лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до 26 годишна возраст;

Надоместок заради попреченост – лица кои живеат на територија на Општина Куманово со 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односно тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице;

Лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица, односно лице со навршени 65 години возраст;

Лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени.

– Граѓаните кои го имаат наведениот статус да поднесат барање до општина Куманово за да ги остварат своите права. Барањата за поднесување и за остварување на ова право може да ги подигнат во Архив на општина Куманово или во зградата на поранешен АД Козјак, спроти градскиот стадион каде што се наоѓа одделението за социјална заштита. Исто така сакам да ги информирам граѓаните дека општина Куманово оваа година субвенционирањето за трошоци за комунални услуги ќе изнесува 1.200 денари по семејство од кои што 900 денари ќе бидат наменети за користењето на вода, а 300 денари за изнесувањето на комунален смет. За оваа цел граѓаните на општина Куманово по поднесувањето на барањето со потребните документи треба да ги достават најдоцна до 28 јануари 2022 година за да можат да ги остварат своите права. За дополнителните информации за остварување на ова право може да се информираат на веб сајтот на општината на кој ќе биде објавено соопштението денеска или други информации може да добијат во одделението за социјална заштита или на телефонскиот број 075 /323-365 од 08 до 16 часот-изјави Цоки Ристовски, раководител на Одделение за култура, спорт и социјална заштита.

Radio Bum

January 12th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *