Вести

Објавен  јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лицата со ниски примања за 2022

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лицата со ниски примања за 2022

Министерството за економија го објави јавниот оглас за финансиска поддршка со кој над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добиваат од 600 до 800 денари пониски сметки за струја.

За оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари, а право на помош имаат лицата чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:

-самец до 15.194 денари;
-домаќинство со два члена до 18.000 денари;
-домаќинство со три члена до 21.000 денари
-домаќинство со четири члена до 25.000 денари;
-домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.

Финансиската поддршка ќе се доделува на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.

Radio Bum

January 11th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *