Вести

Ковачевски му го достави на Џафери предлогот за состав на новата влада, Спасовски останува министер за внатрешни работи

Ковачевски му го достави на Џафери предлогот за состав на новата влада, Спасовски останува министер за внатрешни работи

Мандаторот за состав на новата влада и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави предлог-составот и предлог-програмата за работа на новата влада.

„Денеска го доставив составот на новата Влада и програмата за работа на Владата до претседателот на Собранието. Имаме стабилно мнозинство, усогласена програма фокусирана на решавање на клучните проблеми на граѓаните и тим подготвен да одговори на сите предизивици“, порача Ковачевски на социјалните мрежи.

Централниот комитет на СДСМ ги прифати предлозите на новиот мандатар Димитар Ковачевски за идниот владин кабинет, по што Ковачевски ги соопшти имињата и ресорите кои ќе ги води партијата.

Од Куманово на министерска функција останува Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, Славица Грковска, вицепремиер за антикорупција, Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија, Бојан Маричиќ, вицепремиер за евроинтеграци, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Никола Тупанчевски, министер за правда, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, Јована Тренчевска, министер за труд и социјала, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Според Ковачевски, предлозите за нови министри и предлог-владината програма тој ќе ги достави до парламентот уште во текот на утрешниот ден.

Фокусот на Владата, како што најави ќе биде економијата и подобрување на стандардoт на граѓаните, како и справувањето со електро-енергетската криза.

Ковачевски вели дека целата енергија е насочена кон финансиска поддршка и нови работни места.

Според него, просечната плата до крајот на мандатот ќе биде над 500 евра, а во моментот се прават анализи за времето и висината на зголемување на минималната плата. Ковачевски рече дека не е планирано зголемување на даноците, а Владата ќе работи на поголема ефикасност и поголема борба против сивата економија.

Radio Bum

January 11th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *