Вести

Улиците и тротоарите се исчистени од снег во Куманово

Улиците и тротоарите се исчистени од снег во Куманово

Организирано, во текот на вчерашниот ден и во претпладневните часови успеавме да ги исчистиме улиците и тротоарите од снегот кој вчера го зафати Куманово, вели првиот човек на Чистота и зеленило Даниел Стојчевски.

Службите за зимско одржување во текот на вчерашниот ден распрскуваа течност против подмрзнување на коловозот, а екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ беа распоредени во централното градско подрачје каде што прскаа со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони. Вработените во комуналното претпријатие и денеска продолжија со нанесување на средството за одмрзнување.

-Јавното претпријатие за оној дел за кој што е надлежно за одржување, јавните тротоари, плоштади, постројки, изврши чистење во текот на вчерашниот ден додека траеја врнежите од снег, се вршеше чистење со лопати, но и се нанесуваше средство за одмрзнување кое дава ефекти и во текот на вечерните часови веќе снежните навеви беа отстранети. Во текот на денешните утрински часови немаше поголеми количини на снег на тротоарите и на градскиот плоштад беше релативно чисто. Исто така, во соработка со општина Куманово, надлежната фирма за зимско одржување избрана на тендерска постапка, исто така си ја вршеше својата работа и улиците во текот на вчерашниот ден беа проодни, немаше некоја посериозна поплака од граѓаните, имаше неколку повици каде што ЈП интервенираше. Нашите екипи уште се на терен, се врши нанесување на средство за одмрзнување бидејќи очекуваме во текот на попладневните часови повторно врнежи од снег, а во текот на утрешниот ден се очекуваат пониски температури и очекуваме дека ќе има мрзнење на растопениот дел од снегот, па затоа ќе продолжиме во континуитет и денеска и утре да нанесуваме од средството за спречување на мраз, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Јавното претпријатие е подготвено за справување со снежните навеви во деловите за кои што е надлежно, посочува Стојчевски.

-ЈП има работници кои ќе бидат ангажирани за расчистување на снегот, работниците имаат на располагање две метларки кои што се адаптираат и им се монтираат ножеви за чистење на снег, два трактори на кои веќе им се намонтирани ножевите за снег и можат да се користат. Во текот на вчерашниот ден ги користевме за пренесување на средството со атомизери и уште две помали машини кои ги користиме за чистење на помали површини, тротоари и градскиот плоштад.

Иако јавните површини пред дуќаните за чистење од снег се во надлежност на сопствениците на објектите, сепак во најголем дел снегот го чистат екипите на „Чистота и зеленило“, посочуваат надлежните.

Radio Bum

January 11th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *