Вести

Комуналните инспектори на терен, сопствениците на дуќаните мора да го исчистат снегот пред нивните објекти

Комуналните инспектори на терен, сопствениците на дуќаните мора да го исчистат снегот пред нивните објекти

Сопствениците на дуќаните ќе мора да го исчистат снегот пред нивните објекти, апелираат од секторот за комунални дејности при општина Куманово.

Комуналните инспектори и комуналните редари се веќе на терен и ќе вршат опомена до сопствениците да ги исчистат јавните површини пред нивните дуќани и објекти.

За обезбедување на јавна чистота на јавните површини, согласно законот за јавна чистота во зимски услови при снежни врнежи правните лица се должни да го исчистат снегот во рок од три часа од почетокот на снежните врнежи.

Согласно член 22 од законот за јавна чистота, во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистењето на снегот на отворените простории пред јавните објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Ако сопствениците одбиваат да го исчистат снегот, доколку добијат опомена од команлните инспектори и редари, по три часа може да добијат и казна, стои во законската рамка за јавна чистота.

Radio Bum

January 11th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *