Вести

Снег и негативни температури, зимските служби се подготвени за чистење велат од општина Куманово

Снег и негативни температури, зимските служби се подготвени за чистење велат од општина Куманово

Куманово е подготвено за зимско одржување на патиштата и улиците, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Во моментов во селата во кумановско има незначителна снежна покривка додека во градот, речиси и да нема.

– Сè е подготвено за зимско одржување на улиците. Веднаш ќе се чистат улиците и патиштата-изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Општина Куманово во ноември, лани избра компанија за зимско одржување на градот. Договорот со најповолниот изведувач е склучен во октомври, годинава по претходно објавена јавна набавка. Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки општина Куманово за зимско одржување ќе одвои 8.993.016 денари. На тендерот е избрана фирмата „Кооп Инженеринг“. Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона и според правилата се чисти по приоритет при снежни врнежи првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, по што следува втората зона, улиците и населените места по налог.

Избраната компанија, информираа тогаш надлежните поседува специјални возила, меѓу нив, камиони, со различни перформанси, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер, претходно наведено во барањата на тендерската постапка. Фирмата има и доволно количина на сол и ризла. Покрај градот, компанијата е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово.

Во чистењето на градот ќе се вклучи и ЈП „Чистота и Зеленило“ чии екипи ќе нанасуваат средство за спречување од настанување лед, а ќе ги стави на располагање и два трактори кои можат да се адаптираат со ножеви за чистење на снег.

Radio Bum

January 10th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *