Вести

Куманово без јавен превоз, нема информација од општина Куманово до кога

Куманово без јавен превоз, нема информација од општина Куманово до кога

Нема линиски превоз во општина Куманово, граѓаните од населбите и околните села останаа без јавен превоз.

Преку соопштение објавено на официјалниот сајт на општина Куманово дека од 1 јануари 2022 година, поради истек на важноста на дозволи на превозниците за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, ќе престане да се одвива јавниот превоз, граѓаните беа информирани, но што се случува и зошто граѓаните се оставени без линиски превоз нема повеќе објаснување од надлежните.

– Ве известуваме дека од 01.01.2022 година поради истек на важноста на дозволи на превозниците за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, ќе престане да се одвива јавниот превоз се до завршување на постапката објавена со оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општината, бр.08-9194/2 од 14.12.2021 година, објавен од страна на градоначалникот на Општина Куманово, стои во соопштението.

Причината како што информираа поранешните превозници е во истечените дозволи на превозниците на општинскиот линиски превоз, тендерската постапка не е завршена, а ние не можеме , ниту имаме право да возиме без дозвола информираат од Оли Травел.

Работниците утринава на работните места мораа да одат со такси. Многу негативни реакции стигнаа од работниците до редакцијата на радио Бум.
-Прво нема со што да идам на работа, такси услуга е прескапо за мојот буџет и таков луксуз не можам да си дозволам, реагираат граѓаните.
Дел од фирмите организирале сопствен превоз да ги донесат работниците на работа.

Надлежните од општина Куманово денеска не дадоа одговор за актуелната ситуација со линискииот општински превоз. Од 10 часот наводно во општината имало состанок на комисијата за јавен превоз но какви одлуки се донесени нема информација за јавноста, никој од комисијата не се појави да дадат објаснување што се случува со линискиот превоз.

Јавен превоз во Општина Куманово користат над 15 000 граѓани.

Radio Bum

January 3rd, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *