Вести

Се вклучи алармот за загаден воздух во Куманово, два дена по ред кумановци дишат воздух со зголемена концентрација на ПМ честики

Се вклучи алармот за загаден воздух во Куманово, два дена по ред кумановци дишат воздух со зголемена концентрација на ПМ честики

Од мининстерството за животна средина и просторно планирање, одделение за мониторинг на квалитетот на воздухот информираат дека два дена по ред во Куманово воздухот е енормно загаден, во саботата биле измерени 167.39 , а вчера 141.00 суспендирани честички со големина до 10 микрометри . Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, во четири градови во државата загадувањето на воздухот е надминато и тоа во Тетово, Кочани, Кавадарци
и Куманово.

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) се препорачува:

Да се користи јавниот превоз,
возила да не се користат без поголема потреба,
повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,
да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
правилно да се користат печките за дрва

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:
Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Radio Bum

December 27th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *