Вести

Дедо мраз со градоначалникот им поделија пакетчиња на социјално ранливите групи

Дедо мраз со градоначалникот им поделија пакетчиња на социјално ранливите групи

За децата без родители и родителска грижа, лицата со интелектуална попреченост од „Порака наша“ и корисниците на дневниот центар за лица со посебни потреби, кој е во надлежност на министерството за труд и социјална политика, традиционално општина Куманово обезбеди новогодишни пакетчиња кои им ги врачи Дедо Мраз.

-Оваа година обезбедивме и поголем број пакетчиња за децата од социјално ранливите категории, еден дел ќе бидат поделени преку невладините здруженија и организации и на децата Роми и на други наши сограѓани се со цел барем на момент да им го разубавиме детскиот џагор и живот и на нив и на нивните семејства. Оваа година општина Куманово нема да има традиционално новогодишно украсување, тие средства ќе се заштедат и следната година ќе бидат инвестирани во еден енергетско ефикасен проект, тоа би бил проектот – Поставување на соларни панели на градскиот базен каде што на овој јавен објект би се направиле поголеми заштеди во делот на потрошувачка на електрична енергија и тоа би бил еден наш придонес за енергетската криза, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Триесетина деца без родители од општина Куманово се сместени во осум згрижувачки семејства, информира педагогот Наџие Мустафа, вработена во Центарот за социјална работа.

– Едно семејство може да згрижи најмногу пет здрави деца, а само едно дете со тешка попреченост. Како и секоја година градоначалникот ќе им подари новогодишни пакетчиња, децата се презадоволни, изјави Наџие Мустафа, педагог, вработена во Центар за социјална работа

По повод претстојните празници деновиве Димитриевски подели новогодишни пакетчиња и во Здружението за глуви и наглуви лица-Куманово и на дечиња од ромската етничка заедница.

Radio Bum

December 23rd, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *