Вести

Карпа падна врз куќа во населбата Перо Чичо во Куманово

Карпа падна врз куќа во населбата Перо Чичо во Куманово

Одрон од карпа ја оштетил куќата на Вера Трајковска во населбата Перо Чичо во Куманово на улицата Ѓорче Петров. Пет дена таа чека да дојдат надлежните служби да и помогнат. Куќата не е безбедна за живеење, оштетени се двете бањи, а карпата претставува директна закана да и го сруши и ѕидот на дневната соба и кујната.
Немилиот настан се случил во неделата на 19 декември во 6 часот наутро, Вера спиела, а ја разбудил силен звук, а како што кажа таа земјата се тресела.

• Прво помислив дека е земјотрес, излегов надвор, а соседите веднаш почнаа да викаат да се евакуираме, огромна карпа паднала врз мојата куќа. Кога видов делот од куќата беше целосно разурната- вели сопственичката.

Вера пријавила во регионалниот центар за управување со кризи, екипа излегла во недела и направиле увид, кажале дека ќе дојдат да ја отстранат карпата но по 5 дена никој не се појавил. Таа им звонела на телефон и кажале ќе дојдеме, а според нејзината изјава веќе не сакале ни телефон да и кренат.

• Од куќата ми се оштетени двете бањи и терасата, немам вода, немам тоалет, на мои 45 години не се случило вакво нешто страв ми е да живеам тука, а немам каде. Во дворот има две куќи и двете се загрозени од падот на карпата.

Единствените кои ја посетиле се волонтерите од ОО Црвен крст Куманово кои и однеле пакети, а засега никој од надлежните институции не ја прашал за привремено сместување.

Градоначалникот на Куманово, пак вели се работи за објект кој е дивоградба, иако Трајковска тврди куќата е легализира и редовно ги надмируваме сите давачки.

-Ќе се обидеме во следниот период да ангажираме фирма која што ќе го расчисти сето тоа што се однесува до карпата и одронот, а дополнително и преку Црвен крст реагирав да се однесе еднократна помош и ние ќе стоиме на располагање- изјави Димитриевски.

Radio Bum

December 23rd, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *