Вести

Од 1 јануари, недела е неработен ден

Од 1 јануари, недела е неработен ден

-Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од 1 јануари недела ќе биде ден за неделен одмор за 92 % од работниците, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по повод изгласувањето на Законот за работните односи, при што со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ пратениците го изгласаа законското решение недела да биде ден за одмор.

Како што информираат од Министерството, целта на ова законско решение е воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот како предуслов за мотивација и поголема ефикасност на работното место.
https://youtu.be/6M-gRjcAY0U

„Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите што поради техничко-технолошкиот процес не смее да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50 % повисока дневница за работа во недела и слободен ден што ќе може да го искористат во наредните седум дена“, рече Шахпаска.

Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела, ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена 100 %. А дополнително, 2 % од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и на празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

„Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа, остануваат наш приоритет во градењето на идните политики“, порача министерката.

Radio Bum

December 20th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *