Вести

Министерката за образование, Мила Царовска, се повлекува од Владата

Министерката за образование, Мила Царовска, се повлекува од Владата

“Јас донесов одлука да не учествувам во новата влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години заедно со мојот тим, навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата како и силата на жените и младите” соопшти Царовска.
Царовска од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министерка за образование и наука во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Претходно, на 3 јануари 2020 година беше избрана за заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори во преодната Влада, функција која ја извршува до 30 август 2020 година,а во истиот период беше министерка за труд и социјална политика.
Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.
Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.

Radio Bum

December 20th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *