Вести

Со ноќен радар фатени 22 возачи за брзо возење во Куманово

Со ноќен радар фатени 22 возачи за брзо возење во Куманово

Полицијата го стави во функција ноќниот радар, со кој ја мери дозволената брзина на возилата. Во Куманово ноќеска 22 возачи биле снимени како возат со поголема брзина од дозволената , а троjца од нив ќе останат и без возачка дозвола бидејќи се движеле со 50 километри поголема брзина.

Од Секторот за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашната вечер (19.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 22 возачи. Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од кумановската полиција.

Radio Bum

December 20th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *