Вести
Пожарникарите гаснеле запален оџак на зграда
Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово, интервенирале на опожарен оџак.
Во единицата било пријавено дека околу 20 часот е опожарен оџак во станбена зграда на улицата Народна револуција. Интервенирано е со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, информираат од регионалниот центар за управување со кризи.








