Вести

Општина Куманово во преговори со „Дрекслермаер“ за отворање нови 2.000 работни места

Општина Куманово во преговори со „Дрекслермаер“ за отворање нови 2.000 работни места

– Приоритет на Општина Куманово е локален економски развој, во разговори сме со раководството на германската компанија „Дрекслермаер“ за проширување на нивните производствени капацитети во градот и отворање нови 2.000 работни места, а тоа денес го разговаравме и со амбасадорката на република Германија во Македонија Анке Холштајн, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој денеска беше домаќин на работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

– Како општина сме во разговори со менаџментот на оваа компанија Дрекслермајер за отворање на дополнителен капацитет во којшто би имале можност во следниот период од две години да се вработат некаде повеќе од 2.000 наши сограѓани, изјави Димитриевски.
Приоритет е да се развива локалната економија и да се дадат еднакви можности за инвестиции како на странските така и на домашните инвеститори.

Градоначалникот упати благодарност до амбасадата и германскиот народ за донација на Општина болница Куманово во периодот на ковид пандемијата.

– Општина Куманово е секогаш отворена за соработка со сите амбасади, но особено ми е драго што со германската амбасада имаме високо ниво на разбирање и соработка. Разговаравме на поголем број на теми. За нас приоритет е локалниот економски развој и развојот на економијата во градот и нашата индустриска зона Новине и Речица. Заедно денес ќе го посетиме погонот на Дрекслермаер во Куманово, рече Димитриевски.

Според амбасадорката Холштајн, на општините им е потребна економијата и како што вели „таа може да функционира само доколку добро функционираат општините“.

Минатата недела Димитриевски бил и еден од панелистите на настан во организација на германско – македонската стопанска комора.

– Настан кој покажува дека политичката обоеност кога станува збор за суштински прашања воопшто не би требало да игра никаква улога, и на овој настан без поканети градоначалници и претставници од стопанството и целта беше да се промовира заедничка соработка. Градоначалникот Димитриевски зеде учество како панел учесник на овој настан и тој нагласи дека тоа е прв настан со политичките фондации на кои разговараа за економски теми. На општините им е потребна економијата, таа може да функционира само доколку добро функционираат општините, рече амбасадорката Холштајн.
Таа по работната средба во општина Куманово со градоначалникот Димириевски ја посетија компанијата „Дрекслермаер“.

Radio Bum

December 13th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *