Вести
Казнети возачи во Куманово, 24 пијани, а 34 возеле со брзина над дозволената
Полицијата за време на викендот во Куманово спроведе засилена контрола на возачи кои возат под дејство на алкохол и за пречекорување на брзината. Биле казнети 58 возачи информираат од полицијата, 24 возеле пијани, а 34 возеле со поголема брзина од дозволената.
– Во текот на изминатиот викенд на територија на Куманово спроведени се акциски контроли за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, како и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, санкционирани се 34 возачи за управување со возило со брзина поголема од пропишаната и 24 кои управуваат возило под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од Секторот за внатрешни работи, Куманово.








