Вести

Полицијата ноќеска во Куманово казнилa 18 пијани возачи

Полицијата ноќеска во Куманово казнилa 18 пијани возачи

За возење под дејство на алкохол 18 возачи биле санкционирани во Куманово.
Според информациите од кумановската полиција,
во текот на изминатата вечер (11/12.12.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Куманово, при што санкционирани се 18 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од полицијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Radio Bum

December 12th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *