Вести

Полициската соработка со Република Србија е на највисоко ниво.

Полициската соработка со Република Србија е на највисоко ниво.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадороката на Република Србија во Македонија, Невена Јовановиќ.

На средбата, како што информираат од кабинетот на министерот Спасовски, присуствувал и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции Маринко Кочовски.
Министерот Спасовски и амбасадорката Јовановиќ ја оцениле досегашната полициска соработка меѓу двете земји на највисоко ниво.

На состанокот од двете страни беше констатирано дека од взаемен интерес е тоа партнерство, кое и генерално е позитивно на сите други нивоа на меѓудржавна соработка, и во иднина интензивно да се продлабочува во различните сегменти на заедничко полициско делување, особено во поглед на регионалната меѓугранична соработка и миграциите, информираат од МВР.

Radio Bum

December 10th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *