Вести
Отсек за превенција при СВР Куманово 13 години активно работи со граѓаните
Секторот за внатрешни работи Куманово, 9 декември го одбележува како ден на Отсекот за превенција.
– Превентивната работа не може со еден ден да ја покрене јавната свест и граѓанската совестност за безбедно однесување, работиме од 2002 година, а со сертификати официјално од 2008 година и тоа во сите области кои ги покрива полицијата вели Вилолета Богдановска, началничка на отсекот за превенција при СВР Куманово.
– Полицијата од 2002 активно работи на превентивните активности, почнувајќи од првите советодавни граѓански групи, отворен ден со полиција, средби со граѓани, кои всушност требаше да ја зголемат довербата на граѓаните во работа на полицијата. Инаку со формирање на посебни организациски единици ги покриваме сите три области на полициско работење, јавен ред и мир, криминалистички работи и безбедноста во патниот сообраќај, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција.
Целна група на превентивните акции се сите граѓани, појаснува Богдановска, но вели, сепак акцент се става на најмладите бидејќи темелите се градат од помала возраст.
– Со формирање на локалните совети за превенција и нашата тенденција за локална поврзаност на сите институции кои работат за безбедност на граѓаните, а пред сè на младите, ние денес слободно може да кажеме дека сме на многу високо ниво на соработка, не само со локалните совети за превенција, туку и со телата формирани во секоја општина, а тоа се пред сè општинскиот совет за детско престапништво, општинскиот совет за безбедност во сообраќај, локална комисија за борба против трговија со луѓе и она што трета година го работиме Акциски тим за превенција од насилен екстремизам, вели Богдановска.
Од отсекот за превенција се задоволни од сработеното во текот на изминатите 13 години, велат дека имаат подобрување во соработката со граѓаните. Според Богдановска многу е важна локалната поврзаност меѓу институциите и соработката со граѓаните.
Инаку Отсекот за превенција функционира во сите шест општини кои ги покрива Секторот за внатрешни работи Куманово.








