Вести

Димитриевски: На СДСМ му требаат реформи, не лидери во сенка на поединци

Димитриевски: На СДСМ му требаат реформи, не лидери во сенка на поединци

На СДСМ му се потребни суштински реформи, а не лидери кои што се во сенка на поединци, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за актуелниот избор на нов претседател на СДСМ.

-Јас им посакувам успех на сите кандидати, нема да коментирам ниту имиња, ниту пак ќе се мешам во внатрепартиски постапки за избор на кандидат. Во една прилика реков и повторно ќе повторам без разлика на ладниот однос на мојот политички субјект и на раководството кое што во моментов менаџира со него, на социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои што се во сенка на поединци-истакна тој.

Во игра за нов претседател на партијата се три имиња, меѓу кои актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски, кој е по потекло од Куманово, Фросина Ременски и актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

Radio Bum

December 7th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *