Вести

Максим Димитриевски е новиот градоначалник на општина Куманово

Максим Димитриевски е новиот градоначалник на општина Куманово

Новиот градоначалник на општина Куманово е Максим Димитриевски кој во вториот круг на локалните избори освои над 25 000 гласови, наспроти Оливер Илиевски кој освои 19 470 гласови.

– Сакам да се заблагодарам на сите граѓани што ми ја дадоа довербата и што излегоа на избори, сакам да се заблагодарам за секој еден добиен глас. Со еден лаптоп и еден фотоапарат и со голема граѓанска поддршка успеавме да победиме, рече Максим Димитриевски, новиот градоначалник на општина Куманово кој вечерва ја прослави победата на градскиот плоштад во Куманово.
Димитриевски кажа дека заедно од граѓаните со граѓаните ќе ја продолжат борбата за Куманово, а во иднина и борба за Македонија.
„Триесет години се игра пинг-понг со граѓаните и народот на нашата држава. Од Куманово отпочнале големи општествени промени во минатото, ние таа навика на нашите предци ќе ја задржиме и заедно со граѓаните ќе продолжиме натаму да го градиме Куманово како поубаво место за живеење и да ја вратиме демократијата и во политичките субјекти но и во државата“-рече Димитриевски.
На прашањето дека победиле со помош на гласовите на ВМРО ДПМНЕ и дали тоа значи дека ќе направат коалиција во советот, Димитриевски рече дека победиле со гласовите на граѓаните.
„Ние победивме со гласовите на граѓаните на Куманово и не ги делиме граѓаните на лево и десно и кој на која политичка партија и верска основа припаѓа. Јас сум благодарен на сите политички субјекти кои отворено дадоа поддршка на нашиот граѓански концепт За наше Куманово што е позитивен пример дека ние како граѓани можеме да одлучуваме за судбината на државата.
Сакам да им честитам на сите мои колеги кои издвоија победа и сакам да им посакам успех-рече Димитриевски.

Radio Bum

October 31st, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *