Вести

Во Куманово втор круг за градоначалник, во Советот СДСМ со најмногу советници

Во Куманово втор круг за градоначалник, во Советот СДСМ со најмногу советници

Во Куманово по првиот круг од локалните избори за градоначалник води независниот кандидат Максим Димитриевски со 15.151 гласа, пред Оливер Илиевски од СДСМ со 15.098 гласа.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски освоил 18,56 проценти од гласовите или 8.567 гласови.

Беким Салиу, кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива има 9,21% или 4.254 гласови, додека Теодора Димитровска како кандидат на коалицијата ЛДП и ДОМ има освоено 1.026 гласови или 2,22 отсто.

Државната изборна комисија ги процесираше сите 167 избирачки места во Куманово, односно преработени се 99,88% од гласовите.

Граѓаните на Куманово гласаа за 13 советнички листи за 33 советника. Според ДИК најголем број на гласови освои листата на СДСМ со 11.688 гласа или 25,32%, потоа независната листа на Ивана Ѓорѓиевска – 10.258 или 22,22% и трета е ВМРО-ДПМНЕ со 8.794 или 19.05%. Потоа следуваат ДУИ – 5.054 или 10.95%, АА/А – 2.553 – 5.53%, Левица -2.200 – 4,38%, Беса -1.231 – 2,67%, ЛДП-ДОМ со 1012 или 2,19%, ГИ-Сузана Ѓорѓевиќ – 692 – 1.50%, ГИ-Милош Стаменковиќ- 577 – 1.25%, Интегра -197 или 0,43%, ЕМ- 190 или 0,41% и ДПА- 299-0,65%.

За освојување на едно советничко место потребни се околу 1.200 гласа.

Распоредот на советниците во новиот Совет ќе биде 10 за СДСМ, 8 независна листа „За наше Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ – 7, ДУИ – 4 , АА/А -2 и Левица и Беса по 1 советник.

Radio Bum

October 18th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *