Вести
ДИК: До 11 часот излезноста е 5,59 отсто
Заклучно до 11 часот во Општина Куманово според информацијата на Државната изборна комисија, своето право на глас го оствариле вкупно 5,59% од гласачите, односно 4.103 лица.
Податоците за базираат на обработени 80,84 отсто од избирачките места, односно 135 места.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.
Во Старо Нагоричане со пресекот во 11 часот излезноста изнесува 10,28 отсто, односно правото на глас го оствариле 136 лица.
Податоците се базираат на обработени 34,21 отсто од избирачките места, односно 13 места.
Во оваа општина денеска можат да гласаат вкупно 3.262 лица, на 38 избирачки места.
Сузана Андоновиќ








