Вести

Избирачките места се отворени во 7 часот , се гласа со технички проблеми на фингер принт машините, во Старо Нагоричане има технички проблеми во сите избирачки места

Избирачките места се отворени во 7 часот , се гласа со технички проблеми на фингер принт машините, во Старо Нагоричане има технички проблеми во сите избирачки места

Технички проблеми на фингер принт апаратите има на повеќе гласачки места во општините Куманово и Старо Нагоричане, информираат претседателите на општинските изборни комисии , Бранкица Димковиќ и Марјан Даиловски. Гласачките места се отворени во 7 часот и освен технички проблеми со апаратите други проблеми не се регистрирани.

Претседателката на Општинската изборна комисија Куманово Бранкица Димковиќ информираше дека сите избирачки места се отворени и граѓаните веќе го остваруваат своето право на глас.
,, Имаме проблеми каде фингер принт апаратите не ги препознаваат гласачите и не можат да гласаат, се работи на отстранување на овој проблем – информира Димковиќ.

Во Куманово денеска право на глас имаат 93.986 граѓани на 167 избирачки места.

Во текот на вчерашниот ден право на глас на територијата на општина Куманово го оствариле 212 лица. Од евидентирани 109 болни и изнемоштени лица гласале 103 , од 49 ковид позитивни лица во изолација своето право на глас го оствариле 39 лица, а во затворот во К’шање гласале 70 лица.

Сите гласачки места во општината Старо Нагоричанесе отворени во 7 часот, а технички проблеми има скоро во сите избирачки места со фингер принт апаратите, информираше претседателот на тамошната Општинска изборна единица Маријан Даиловски.

Тој вели дека чекаат инструкции од ДИК како ќе продолжат со гласање.
Бараме помош од ИТ секторот, се јавуваат телефонски, но таму каде не може да се интервенира не знаеме како ќе се продолжи со гласање, чекаме инструкции од ДИК.
Даиловски вели дека немаат превоз да го однеста техничкиот персонал на избирачките места кои се оддалечени и по 30 километри од општината.

Во оваа општина право на глас денеска имаат 3.262 лица на 38 избирачки места.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 17th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *