Вести

Според анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации, Оливер Илиевски со најголема поддршка од граѓаните

Според анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации, Оливер Илиевски со најголема поддршка од граѓаните

Центарот за политички истражувања и комуникации, спроведе анкета во пресрет на локалните избори на 17 октомври.
Анкета е спроведена „лице в лице“ со 1231 испитаници во директен контакт според случаен метод.
Според објавените податоци, истражувањето е спроведено во одредени општини на Република Северна Македонија, земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степен на образование и географската распределбa. Истражувањето е спроведено во периодот од 19 септември до 27 септември 2021 година.

На прашање – За кој кандидат ќе гласате на локалните избори во Куманово, резултатите покажуваат Оливер Илиевски од СДСМ во убедливо водство за градоначалник на Куманово со 23,65% од испитаниците, додека другите кандидати Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ има 17,75%, група избирачи со Максим Димитриевски има 12,35%, Беким Салиу од АСХ и Алтернатива со 7,65%, и Теодора Димитровска од ЛДП која има 0,45%, додека 38,15% одбиваат да дадат одговор.

Radio Bum

October 11th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *