Вести

Спасовски-Со подготвен и награден проект, Куманово ќе добие модерен споен плоштад со подземни сообраќајници и пешачка зона

Спасовски-Со подготвен и награден проект, Куманово ќе добие модерен споен плоштад со подземни сообраќајници и пешачка зона

Куманово ќе добие целосно реконструиран плоштад со подземни сообраќајни решенија, пешачка зона, најави потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски од Куманово.

Според готовиот проект, опфатен во програмата за претстојните локални избори, предвидено е спојување на двата плоштади, целосна пешачка зона, зеленило, фонтани.

– Тоа е проект направен во мандатниот период 2000-2005-та година, бев во тој тим и навистина ми е чест што имавме изработено проект за централното градско подрачје. Проектот зеде втора награда на архитектонски настан во Париз. Тоа значи спојување на двата плоштади, формирање на целосна пешачка зона, спојување на подземни сообраќајници, подземен влез од „Народна револуција“ кон „Ленинова“, исто така влегување од „Моша Пијаде“ и „Иво Лола Рибар“ преку подземна сообраќајница. Тоа ќе значи дека сегашниот дел на сообраќајници ќе биде целосно пешака зона пред „скопски дуќани“, пред домот на култура, поврзан со овој плоштад. Во проектот се предвидени повеќе од 36 фонтани, многу зеленило, нов, модерен изглед, користење трајни материјали-рече Спасовски.

Проектот е готов, рече Спасовски и најави дека сите заедно преземаат одговорност да биде реализиран, разговарано е со кандидатот за градоначалник, Илиевски и лоцирани се финансиските средства, дел од општината, дел од проекти преку централниот буџет.

– Тоа ќе биде еден од првите проекти со кои ќе стартуваме. Многу е важно за Куманово да се работи со сериозен план, тоа значи да го менуваме изгледот на централното подрачје, а воедно да помагаме во реализација на проекти за населби кои денеска немаат инфраструктура, градба на водоводи, канализациски мрежи, асфалтирање на патиштата без да се става приоритет на еден или друг дел од градот-рече Спасовски.

Тој кажа дека ова е еден од проектите кои ќе бидат гордост на Куманово и ќе биде посакувано место за уживање на граѓаните.

Radio Bum

October 5th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *