Вести

Захариев: Европски стандарди за младите во Куманово

Захариев: Европски стандарди за младите во Куманово

„Како централна власт во изминатите 4 години со владините политики придонесовме за значајно намалување на масовното иселување на младите. Во таа насока, како ново општинско раководство имаме обврска заедно со Владата да продолжиме на младите да им обезбедуваме европски стандарди да стојат рамо до рамо со своите врсници ширум Европа и светот“, рече на денешната прес-конференција Мартин Захариев, кандидат за советник во Советот на Општина Куманово од СДСМ.

-Да имаат услови за искажување на својот глас, да живеат и работат тука, дома, во родниот град, со што иселувањето на младите и гледањето на „вибер“ со своите родители во татковината ќе стане еднаш засекогаш минато. Се враќаме на „старите добри“ времиња во кои израснаа нашите родители. Со активна заложба од страна на Општината ќе придонесеме во „оживување“ на интересот на младите во организирање на младински секции од област на драмска и филмска уметност, танц, музика, сликарство, младински политики и активизам, заштита на животна средина, младински планинарски друштва. Во програмскиот дел планираме изградба на мултифункционални игралишта како поддршка на младите за рекреација и спортување, детски катчиња низ целата општина, авангарден детски парк, за безгрижно и среќно детство во модерни услови, рече Мартин Захариев, кандидат за член на Совет на Општина Куманово

Захариев посочи дека со Кумановско културно лето на младите и перспективните музичари од нашиот град ќе им се овозможи да се претстават на кумановската публика, а преку културни работилници ќе се подига свеста на младите за културата, за критичкото размислување и стекнувањето на нови вештини од областа на културата.

Radio Bum

October 4th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *