Вести

Михајловски: Бесплатен приклучок за гас во Куманово за домаќинствата и бизнисите

Михајловски: Бесплатен приклучок за гас во Куманово за домаќинствата и бизнисите

​Да направиме промени. Тоа сакам да го направам со вас, со ваша подддрша, бидејќи е за вас, рече Тони Михајловски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Куманово.

Михајловски се осврна на дел од проектите кои ќе ги реализира во текот на мадатот, меѓу нив е изградба и заокружување на патнатата инфраструктура.

„Ќе изградиме 60 километри патна инфраструктура во градот, катни гаражи, велоспидески патеки, кружни текови во градот”, рече Михајловски.

Приоритет ќе биде и Куманово да биде чист град, ќе има бесплатен приклучок на гас за домаќинстава и бизнисите.

„Ќе се воспостави модерно управување со отпад. На само 5 километри воздушна линија од Куманово во село Пчиња се наоѓа депонијата Краста која е депонија од минатиот век со несогледиви последици за здравјето на луѓето и почвата. Отпадот ќе биде вредна суровина преку селектирање, рециклажа и компресирање. Кумановка да биде чиста река. Изградба на кеј од двете страни на реката и трајно решение со,кое нема да се фрла отпад во неа. Реконструирање на постоечките запуштени мостови и изградба на два нови моста”, кажа Михајловски.

Михајловски најави и низа на објекти за најмладите од градинки, училишта.

„Ќе изградиме на нов училиштен објект за потребите на гимназијата Сами Фрашери. Децата заслужуваат и мора да добијат модерни услови за следење на наставата. Заедно со родителите ќе изнајдеме каде би било најдоброто место за овој училиштен објект. Ќе има и нови детски градинки. Крајно време е Карпош, Перо Чичо и Зелен рид да добијат градинки”, кажа Михајловски.

Кандидатот вети и многу други проекти.

„Проект за нов театар во Куманово. Проект за нов албански театар, реконструкција на спортската сала, реконструкција на Соколана и проект за реконструкција на градскиот стадион”, рече Михајловски.

Тој напомена дека ова се само мал дел од програмата која ја нуди тој и партијата.

„Со оваа програма имаме намера Куманово да го ставиме на сите мапи. На културната, спортската и економската мапа на Балканот, Европа и Светот. Ајде наново да го градиме Куманово. За победа, за промена и за проекти,за Куманово”, заклучи Михајловски.

Radio Bum

October 4th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *