Вести

Нов скејт парк за младите во Куманово, најави Димитровска

Нов скејт парк за младите во Куманово, најави Димитровска

Кандидатката за градоначалничка на Куманово, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ на денешната прес-конференција најави изградба на адреналински парк за младите. Паркот ќе се наоѓа во близина на спортската сала, а за него е изработен предлог проект на иницијатива на член на ЛДП.

-Ние како Движењето „Одлучно за промени” предлагаме ова место да се искористи за градење на скејт парк проект изработен од Ненад Бојковски, кој е и претставник од движењето и член на ЛДП. Тој под покровителство на Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка преку Националниот младински совет на Македонија изработи предлог – односно јавен документ за локална иницијатива. Токму со неговиот предлог како да се изгради скејт парк во Куманово го предвидовме ова место како идеално за изградба на скејт парк, во кој младите можат да се опуштат, да се релаксираат. Овој парк е повеќенаменски, за тоа како ќе биде дизајниран ќе се остави на младите, со својата креативност слобдно да го направат, а од друга страна паркот може да биде користен и од повозрасни луѓе за прошетка и да си ги пуштат децата да се играат“, кажа Димитровска.

Ненад Бојковски, кој е на листата на советници на ЛДП, објасни дека младите се изјасниле во повеќе анкети дека имаат потреба од ваков простор каде што ќе можат да го поминуваат слободното време и да се дружат, па затоа тие се потрудиле да го изработата проектот.

„Знаеме дека поради Ковид младите останаа дома, нема каде да го поминуваат слободното време. Ние како голема општина немаме скејт парк, а сакаме да бидеме европска општина, урбана општина и модерна општина. За да направиме таква општина младите мора да се чуствуваат европски, да имаат простор каде ќе се рекреираат“, кажа Бојковски.

Radio Bum

September 29th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *