Вести

,,За наше Куманово” на конвенција ги презентираше кандидатот за градоначалник и листа на советници

,,За наше Куманово” на конвенција ги презентираше кандидатот за градоначалник и листа на советници

Независниот кандидат за градоначалник од иницијатива „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, вечерва на изборната Конвенција од Градскиот плоштад во Куманово најави дека периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба, за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци.

„Преземам обврска да продолжиме заедно со овој сериозен и квалитетен тим на кандидати за советници. Заедно со луѓето во општинската организација да работиме посветено за сите вас, во реализација на голем број инфраструктурни проекти. Периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба за нашата општина за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци“, рече Димитриевски.

Во своето обраќање, тој најави повеќе проекти кои ќе се имплементираат по победата на локалните изборите на 17 октомври.

За намалување на сообраќајниот метеж, предвидено е изградба на 5 нови кружни текови.

Еден од приоритетите на инцијативата „За Наше Куманово“ е вложувањето во унапредувањето на образованието и создавање услови за реализација на квалитетна настава. И во следниот мандат ќе продолжиме со инвестиции во реконструкција на општинските училишта и подобрување на условите за образование.

Димитриевски посочи дека силата е во младите и младите лица се авангардата на ова општество.

„Следува изградба на три нови паркови на влез во село Проевце, на улица Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол, изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев. Ќе го реконструираме постоечкиот градски парк, кој ќе го претвориме во смарт парк со многу различни содржини. Ќе направиме пет центар за млади лица кајшто ќе има современи инсталација за да можат младите луѓе да добијат можност, да создаваат и творат, бидејќи тие се нашата иднина, а Куманово има млада популација.“, рече Димитриевски.

Нашиот план е целосно реконструирање на Спортска сала, Комплексот Соколана, Градскиот стадион и Спортскиот комплексот во Поранешен Дом на АРМ.

Повозрасните граѓани мора да имаат подостоинствена старост. За таа цел, следува проширување на капацитети на Дом за стари лица “Зафир Сајто“ – Куманово на локација во с. Проевце и континуирано подобрување на условите во постоечките капацитети на Дом за стари лица „Зафир Сајто“.

„На 17ти октомври изберете број 80 за Максим Димитриевски за наше Куманово и број 61 за носителката на листа за советници Ивана Ѓорѓиевска за 61% на гласови и победа во првиот круг. Тоа не е победа за мене, тоа е победа за вас. За мое, за твое, за наше Куманово!“, рече Димитриевски.

Во своето обраќање Димитриевски рече дека после осум години успеале финансиски да ја стабилизираат општината, да ја деблокираат и од една од најзадолжените општини денеска кумановци се свои на своето.

,,Ако некогаш беше табу тема колку тоа пари има градот, денеска ќе ви кажам 250 милиони денари наши пари на сметка со кои заедно со тие четири милиони евра до крајот на оваа година и следната ќе реализираме заеднички проекти за сите нас. Дополнително транспарентно работење на општината која е рангирана во 10те најтранспарентни општини и она што е најважно, ние членовите на општинската администрација не ги повикуваме со сила да дојдат на собир, конвенција или митинг, тие се тука доколку сакаат, но имаат една обврска да работат во функција на граѓаните на Општина Куманово.

Бидејќи сите ние сме таму токму поради вас, не се граѓаните тука поради нас и така ќе продолжиме на тој начин тимски да работиме за наше Куманово.

– Не беше одлуката по толку активизам да се повлече една ваква одлука која е и лично тешка, но кога излегувате пред јавноста и токму на оваа говорница поединци ви велат Македонија му должи на Куманово, Македонија ќе му се раздолжи на Куманово, а од сето тоа гледате дека во најголем дел остануваат празни зборови, кога ќе ве стават во искушение да одлучите помеѓу партиски и граѓански интереси, велам граѓанските државните националните, општите интереси секогаш пред партиските интереси на поединци кои менаџираат со политичките субјекти во нашата држава и верувам веднаш по оваа достоинствена битка, ако дозволат да биде таква, ќе се погледнеме во очи и можеби некој ќе сфати дека многу има погрешено и ќе мора да се извини не на мене, на вас граѓаните.

Со докторка Јадранка, епидемиолог во градската болница, со чест е на наша советничка листа, две години водиме во општинскиот штаб за заштита и спасување борба против ковид кризата, на првиот случај побаравме да воведеме контрола на влез и излез од КУманово, не повеќе, две недели, да се намали бројот на позитивните случаи, рекоа за Дебар може, а за Куманово не може и тоа кој, луѓе токму од Куманово. Зошто? Па донесоа решенија не ставија во самоизолација, фингираа кривични дела кои паднаа сите до едно, над 60 истраги СВР Куманово води во моментот против мене и одредени службеници и да ви кажа ништо не може, се е чисто посветено е работено, чесно и достоинствено и така ќе остане до крај, но ќе се срамат некои луѓе.

Македонија му должи на Куманово и му се раздолжи со тоа што добивме три четири министри, неколку заменици министри, ама да ви кажам големо фајде од сето тоа освен тие лично што почуствуваа, ние кумановчани не и затоа еден ден кога ќе завршат и сите овие политички функции ќе се гледаме во очи, но некој ќе се срами, тој што е роден во Куманово сака да заврши тука, да излезе на кафе на овој градски плоштад, без обезбедување како слободен човек, обичен човек да се прошета по овој плоштад и да се ракува со сите кумановци. Не е доцна, нека престанат притисоците, да продолжиме за да работиме за нашиот град без политика во интерес на граѓаните затоа што Куманово само во оваа годишна програма до крајот на годината има планирано реализација на 20 улици и два кружни тока.

Јас почитувани мои преземам обврска да продолжиме заедно со овој тим, сериозен квалитетен тим кандидати за советници заедно со луѓето во општинската администрација да работиме посветено за сите вас во реализација на голем број инфраструктурни проекти, перидото 2021-20215 ќе биде период на ренесанса и градба на нашата општина за еден модерен и европски лик, бидејќи тоа го заслужува Куманово, тоа го заслужуваат кумановци.

Овие луѓе зад мене не по принцип кој чив е туку кој каков е, па како што слушавте позади на листата ставивме некои млади и докажани авторитети, носители на јавни и други функции, но напред промовиравме нови луѓе со нова енергија на чело со Ивана Ѓорѓиевска, бидејќи не може во Куманово цел живот едни исти да седат во Советот на Општина Куманово. Во Куманово имате фамилии кои со генерации како да им е дадено во наследство менаџираат со одредени функции и позиции, а работничката класа е секогаш тука кога треба да се даде само поддршка, ние ќе го менуваме и со овој принцип го менуваме тоа затоа секој кој што има квалитет заслужува да дојде до позиција да се докаже како човек, индивидуа, но да работи посветено, бидејќи да се биде советник не е да се земе само паушал туку првенствено да се знаат граѓанските ппроблеми и да се сочсутвува со граѓаните. Куманово има 46 села, постои пет века, само три имаат вода, тоа е срамно да го кажам, но тоа е нашата реалност, голема инфраструктура нерешена, недостатоци на атмосферска канализација, јавни претпријатија презадолжени, вративме 11 и пол милиони евра долгови. Ни помогна морам да признам Владата со прибижно 110 милиони денари, но по основ на камати ни зема 250 милиони денари, па ни го земаа дел, друг дел ни вратија со нашите пари. Јас немам ништо против и посакувам Македонија да се развива како држава, но видете еден космополитски мултиетнички град како Куманово го сечат два меѓународни коридори без ниедна обиколница, проектна документација не сакаат да направат, го отсекоа пред два месеци со еднострана одлука општината и цел орашачки крај, остана запоставен луѓето не можат да дојдат до градот, го затворија Искрин мост, без да соопштат на локалната самоуправа. Седнале двајца министри и им текнало мостот ќе паднел, еве ги нашите луѓе од Орашец, мака мачат, два месеци ги молам да дојдат да извршат санација на алтернативниот пат, протестираат луѓе никој не реаигра, срамно е почитуван мој другар Зоране и Оливере, срамно е ова што го правите, ако мислите дека ќе соберете луѓе на хартија и ќе ги одведете, многупати сме учествувале и во такви активности, но знаете дека тоа не поминува само си правиме лажна слика, но ќе ве вратам на зборовите што ги зборувавме своевремено и затоа сакам да кажам дека во следната програма на оваа граѓанско движење „За наше Куманово“ во следните четири години Куманово ќе добие пет нови кружни токови и тоа едниот на локација Серава, другиот кај Автомуска станица со Октомвриска револуција, третиот пред Ловечки дом кон Проевце, четвртиот кој е во фаза и чекаме дозвола на Октомврсиак револуција и петиот на Гоце Делчев – Трета МУБ, тоа се трите капитални проекти, но притоа повторно ќе ги замолам поединци неодговорни кои држат високи функции не затоа што се квалитетни и професионални туку легалисти на претпоставените, барем да не ги паркираат своите возила на одбележани места за паркирање недозволено и да си ја плаќаат сметката како што ја плаќаат сите кумановци бидејќи сите паркинг простори се узурпирани од шефови и шефчињата.

Други проекти во делот на Зелено Куманово, целосна реконструкција на стариот градски парк, ги исекоа тополите, исекоа се по ред, почнавме да го средуваме речното корито го завршивме до влезот на населба Средорек а следната година ќе продолжиме со целосна реконструкција на стариот градски парк и негова трансформација во смарт модерен парк, со детски катчиња, спортски игралишта, мини паркинг и други содржини кои наликуваат на оние содржини кои веќе ги направивме на Спомен Костурница бидејќи Куманово го заслужува тоа.

Целосна реконструкција и изградба на нов градски парк на локалитет Проевце, огромна зелена површина стои неискористена со години и тоа е во нашата програма „За наше Куманово“, ќе продолжиме со ист интензитет да реконструираме основни и средни училишта, до пред две години последната инвестиција во образованието во нашата општина се случи далечната 87 година кога беше изградено последното основно училиште „Кочо Рацин“ од тогаш наваму само една доградба во ОУ „Толи Зордумис“ за неколку паралелки. За две години успеавме да ги реконструираме целосно сите средни училишта во градот, а на паралелките на албански наставен јазик, Гимназијата „Сами Фрашери“ и техничкото училиште Македонија сѐ уште му должи и не му се раздолжи, но нема да чекаме на нив порачавме проект и ќе тргнеме заедно со граѓаните и со странски донатори и ќе ги удриме темелите на тоа училиште бидејќи сите заслужуваат еднакви права и можности, а они нека го споменуваат тој проект само за време на избори, кога ќе се отворат избори секогаш се отвара ова прашање. Ние ќе работиме со сопствени сили, а МОН наместо да прави непромислени реформи министерката таа ќе мора да го одврзе кесето и капителните инвестиции на министерството да ги спушти на локално ниво, бидејќи ние зборуваме за децентрализација на власта, тоа значи фискална децентрализација, затоа што додека они градат едно игралиште од девет милиони денари ние со истите пари во Куманово изградивме три и ќе им покажеме на сите како успешно квалитетно, чесно и посветнео се менаџираат граѓанските средства, повеќе од девет модерни игралишта изградени во последните две години, во следните четири години секое основно и средно училиште во градот ќе има таква современа тартан подлога и игралиште по примерот на ОУ „Вук Караџиќ“ и Наим Фрашери, по примерот на Наце Буѓони, Перо Наков, Гимназијата Гоце Делчев и во моментот се гради во село Романовце, Агино село и ќе се гради во Пчиња и ќе продолжиме со тој конитнуитет затоа што цел ден ни се децата на телефони и компјутери и мораме да ги извадиме од дома. Куманово создавало врвни спортисти и Куманово ќе продолжи да ги создава по примерот на Реџеповски, Бранимир Јовановски, Русевски и многу други познати спортски имиња- рече Димитриевски на конвенцијата во Куманово.

Radio Bum

September 28th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *