Вести

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Куманово вечерва на конвенција ја побара поддршката од кумановци

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Куманово вечерва на конвенција ја побара поддршката од кумановци

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата за Куманово, Оливер Илиевски и кандидатите за советници, предводени од носителката Атина Мургашанска вечерва од пред градскиот базен ја побараа поддршката од кумановци. Тие ветија реална остварлива програма со конкретни проекти.

Презентирајќи го кандидатот за градоначалник, потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека кумановци отсекогаш знаеле да направат вистински избор и дека овој пат ќе се одберат европско Куманово, современ одраз на еснафскиот град кој го граделе предците. Тој рече дека кумановци се сеќаваат на како што нагласи заплашувањата, поделбите, изолацијата и дека кумановци во ниту еден момент не заборавиле. Зброувајќи за кандидатите за советници, за кандидатот за градоначалник, Спасовски истакна дека кумановци ќе направат вистински избор.

– Познавајќи ве, чувствувајќи го секој здив на овој град, убеден сум дека вашиот избор ќе ги рефлектира вашите надежи, а не вашите стравови. Вашите светли визии, а не вашите 12-годишни кошмари. Затоа вечерва пред вас е најдоброто – за граѓаните, за вашето семејство, за вашето маало, за Куманово – Оливер Илиевски, како наш кандидат за градоначалник и листата на 33 кандидати за советници од редовите на СДСМ и коалицијата, предводена од Атина Мургашанска. Станува збор за квалитетни и докажани личности од различни сфери на општественото живеење, совршен микс на младост и искуство, на полетност и ентузијазам, во корелација со искуство и професионален бекграунд, кој ќе донесе заедништво и развој на овој град-рече Спасовски.

,,Имавме можност да го видиме и почувствуваме и што од петни жили, заедно со вас, граѓаните, ја покажавме Вистината, кренавме глас во борба за слобода и правда и демократија и заеднички успеавме да го отстраниме режимот од крвотокот на државата за да ѝ овозможиме да дише, да се развива. Со нов концепт: враќање на парите кај граѓаните, со сите сили на прав пат, кон интеграција, со постојана борба со режимските наследници, со наплив на дезинформации и лажни вести, со одлучност за воспоставување на правна држава и едно општество за сите. Впрочем, како што доликува на Градот на непокорот и револуцијата!
Среќа е што знам дека моите кумановци не забораваат. Ни добро, а уште помалку лошо! Не ја зборавиле историјата на своето родно место, ни дека соседот ти е поблизок од брат без разлика на верата и националноста, што претставува основа за развој на еден ваков вистински мултиетнички центар како што е Куманово. Моите кумановци паметат и кога страдале и стравувале, кога биле во заложништво или жртви на инстант популистички мерки кои носат инстант политички поени, но и ќор сокак за идните генерации. Но, не заборавиле ни кога се радувале и се развивале, кога тргнале напред, економски, политички, демократски, на секое можно поле. Моите кумановци прават огромна разлика меѓу барокни градби од гипс картон и сериозни инфраструктурни проекти. Знаат дека животот се состои од правење избори, а најчесто избирале да бидат одговорни, вредни и чесни домаќини, работници и градители на својот град, визионери со став, кои со знаење и умешност знаат да го извлечат максимумот.

Огромно е моето задоволство што вечерва сум со вас тука за заеднички да го означиме почетокот на кампањата на претстојните локални избори на кои заеднички треба да одлучиме каде сакаме да се движиме во наредните четири години, во каков град сакаме да живееме и какво Куманово ќе им оставиме на идните поколенија. Дали ќе се насочиме кон акција за поубаво, европско Куманово, онакво какво што веќе сме си го проектирале и во нашите глави, а и во конкретна програма со цели и активности според желбите и потребите на нашите кумановци, какво што секојдневно го надградуваме во нашите секојдневни разговори, маалски средби и седенки.
Во суштина ставот е избор, исто како и среќата. И оптимизмот и љубезноста се избор, по кои сте познати надалеку, впрочем како и помагањето и почитувањето врз кои се темели овој херојски град. Тоа се обележјата на Куманово и на вас, мои сограѓани! Вие секогаш сте биле свесни дека изборите кои ги правите оставаат длабока трага врз вашите животи, врз нашето Куманово. Затоа, и на 17 октомври избирајте мудро!
Познавајќи ве, чувствувајќи го секој здив на овој град, убеден сум дека вашиот избор ќе ги рефлектира вашите надежи, а не вашите стравови. Вашите светли визии, а не вашите 12-годишни кошмари. Затоа вечерва пред вас е НАЈДОБРОТО – за граѓаните, за вашето семејство, за вашето маало, за Куманово – Оливер Илиевски, како наш кандидат за градоначалник и листата на 33 кандидати за советници од редовите на СДСМ и коалицијата, предводена од Атина Мургашанска. Станува збор за квалитетни и докажани личности од различни сфери на општественото живеење, совршен микс на младост и искуство, на полетност и ентузијазам, во корелација со искуство и професионален бекграунд, кој ќе донесе заедништво и развој на овој град.
Притоа, не велам дека ќе ви ги претставиме, бидејќи знам дека добро ги познавате и знаете колку можат, колку вредат и кој потенцијал го имаат. Сите тие се луѓе од вашето соседство. Им ги знаете и корените и идеите. Со некои сте имале заедничко босоного детство, со други сте се гледале и поздравувале во кумановската чаршија, за трети сте слушале од соседите и пријателите или сте итале кон иста цел.
Впрочем, како и јас со Оливер Илиевски! Шансата нѐ направи соработници, верувањето во исти вредности – сопартијци, чесноста и напорната работа нѐ направи другари, а храбрата, одлучна и пожртвувана борба кон истата цел – слободна, економски силна и развојна држава, која чекори напред, по вистинскиот пат, татковина на нашиот македонски народ, на нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и на сите други со кои претставуваме пример за градење соживот, за поубаво Куманово и посреќни сограѓани – од нас создаде вистински пријатели.
Верувам во него, ко што си верувам себеси си. Знам дека секогаш имал конкретен план, реален, остварлив и прецизно обмислен. Докажал дека е подготвен секому да помогне, дека си ги знае предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани и е насочен кон нивно решавање, а не кон заташкување ‘под тепих’. Има визија за поквалитетен живот, за економски развиен, зелен и еколошки чист град. Нашиот иден градоначалник е човек на Куманово, домаќин по убедување, кому семејството му е светост. Затоа е најдобар! Затоа и тврдам дека СДСМ ја има најдобрата понуда на политичката сцена и тука, во Куманово. Од неа произлезе и внимателно подготвената програма, која е производ на сите вас, драги сограѓани, од вашите идеи, стремежи, замисли и потреби. Ние, пак, како Влада ќе се погрижиме сите тие приоритети, со потребната финансиска поткрепа да добијат и реален лик, да ви го олеснат и разубават животот, да додадат функционалност и естетика на нашиот град. Бидејќи за нас граѓаните остануваат приоритет, а нивните потреби наша најважна задача!
Притоа, опозицијата, со истата режимска матрица која 12 години правеше сѐ за да ги спречи реформите, за да нема правда и напредок, сѐ уште блокира, спинува, измислува непостоечки скандали, го кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење. Само што ние сме сега помудри да ги препознаеме разликите, да го обезличиме режимот и неговите остатоци и заеднички да ја продолжиме борбата за подобар живот, за повеќе пари кај граѓаните, за европски стандарди дома! Борбата за безбедна и сигурна иднина, за НАТО и ЕУ!
Успеавме досега, ќе успееме и сега – за граѓаните, за државата, за иднината!
Програмата, нагласи Спасовски е темелна и остварлива и ќе добие поддршка од Владата.

Кандидатот за градоначалник, Оливер Илиевски рече дека Куманово ќе се изгради во модерен град, со нови паркови, спортски терени, проширен кеј, булевар, градски стадион, чист, зелен град.

Тој им порача на ВМРО ДПМНЕ дека за 12 години изградиле дамо две тениски игралишта, на министрите и Владата дека ќе побараат поддршка за капитални проекти, а на општинската администрација дека тимски треба да се вклучат во акција за поубаво Куманово.

– СДСМ ја нуди најдобрата понуда за Куманово, СДСМ ја нуди најбогатата програма за кумановци затоа што програмата ја пишувавме систематски цела година, правевме анкети на граѓаните, одевме прашувавме по населби, пресметавме за секоја инвестиција колку пари ќе чини, најдовме од каде кој проект ќе се финансира и го ставивме во програмата. Затоа во програмата има проекти за најмалите, за младите, за возрасните, за сите населби и села, за сите kумановци. Затоа ги повикувам сите граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи и сите останати, ние сите заедно на 17-ти oктомври да излеземе на избори и да го избереме најдоброто за Куманово- рече Илиевски.

Носителката на листата, Атина Мургашанска пак нагласи дека на ова место се вистинските социјалдемократи кои ќе го направат мнозинството во советот.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 27th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *