Вести
Нудиме конкретни решенија, а не шпекулативни проекти, порача кандидатката за градоначалничка Теодора Димитровска од коалицијата ЛДП и ДОМ
На овие локални избори настапуваме поразлично од другите политички субјекти, настапуваме со млади луѓе кои вистински се креатори на политики од една страна, но и со политики и предлог решенија во кои секој еден граѓанин ќе чувствува припадност, а не одвоеност од власта и политиката. Тимот е тој кој ме мотивира, а тимот и своетничката листа која ја нудимеовие избори се лица кои значат нова генерација на политичари во нашата општина, рече Теодора Димитровска кандидат за градоначалничка на Куманово од коалицијата ЛДП и ДОМ.
Главна точка на програмата, како што рече таа, се токму младите и креирање на град за млади.
– „Конкретни решенија, а не шпекулативни проекти и програми“.
Нудиме предлози кои градот ќе го направат зелен, а сепк урбан и развиен. Смарт или модерна општина содржи решенија во кои преку еден клик секој ќе може да биде поблиску до општината, но и општината која ќе биде поблиску до сите нас. Културата и уметноста ги ставаме на пиедестал и активно ќе се залагаме за поттикнување на луѓето повеќе да творат, а воедно и да им обезбедиме простор каде можат да ја покажат својата креативна страна, изјави Димитровска.
Сузана Андоновиќ








