Вести

До полноќ биле изгаснати сите 11 пожари во Куманово и Липково

До полноќ биле изгаснати сите 11 пожари во Куманово и Липково

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден регистрираа 11 пожари на опожарена сува трева, стрништа, трска во неколку села од северозападниот дел на Куманово и дел од Липково, информираа денеска надлежните од ТППЕ.

Командирот Дејан Илиевски информираше дека првата екипа заминала претпладне, а последната екипа се вратила на полноќ. – Во гасењето на пожарите учествувале речиси сите дежурни екипи со шест противпожарни и едно теренско возило. Неколку пожари се повторувале во атарот на селата Табановце, Речица, Лојане и Ваксинце кои се во близина, рече Илиевски.

Пожари имало во Никуштак, Стари лозја, Табановце, Речица, во близина на Детоил, кај Ваксинце во близина на Макпетрол резервоари, во Речица во близина на автопатот Куманово-Табановце кај Еко Петрол, Лојане, повторно пожар имало атар во селата Табановце и Ваксинце и пак кај Речица во близина на железничката станица.

– Сите пожари се ликвидирани. Не може да се утврди причината за настанување, но мора да потенцирам дека вчера ниту температурите не беа многу високи, ниту пак имаше силен ветар-додаде Илиевски.

Radio Bum

September 14th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *