Вести
Во Куманово и регионот досега се вакцинирани 21 000 граѓани
Ризична група на граѓани имаат приоритет за вакцинација во Куманово, велат од Здравствен дом Куманово.
На вакциналниот пункт во Бедиње досега се вакцинирани 21 000 граѓани, а 15 000 ја примиле втората доза на вакцина, информираше докторка Монализа Мемети од здравствен дом Куманово.
Мемети вели се спроведува и масовна вакцинација за наставничкиот кадар, се споведува теренска вакцинација, а се вакцинираат и граѓани кои немаат термини.
Од вакциналниот пункт во населбата Бедиње посочуваат дека во моментов располагаат со вакцината Синовак за прва доза и ревакцина со Фајзер и Астразенека. Дополнуваат дека засега немало нус појави, освен локални реакции на местото на убод.

– Сите граѓани треба да ја испијат редовна терапија, да продолжат да ја пијат ако земаат некоја терапија, нема некоја контраиндикација, да ја користат како и секој ден. Недамна во Здравсвениот дом Куманово започната е и теренската вакциниација и досега доста се реализирани теренски вакцинации за луѓето кои не можат да дојдат тука-нагласува Мемети.
Од овој пункт информираат и дека се имуниузирани и лица со посебни потреби, вработените во кумановскиот театар, Управата за јавни приходи, ЕВН, и општината.








