Вести

Општинската администрација од денеска ќе помага во кумановската болница

Општинската администрација од денеска ќе помага во кумановската болница

Општинската администрација и вработените во јавните претпријатија во Куманово од денеска се ставаат на располагање за помош во Општа болница во Куманово.
Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, со одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување, дел од вработените ќе носат боци со кислород.

– Од денеска сакам да најавам дека по одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување вработени од општинската администрација и јавни претпријатија ќе учествуваат и ќе волонтираат во делот на дистрибуција на оксигенските боци во одредени периоди на денот кога тоа е потребно во болницата се со цел да се даде дополнителна сила и можност дополнително да се ангажираат на други места здравствените работници, рече Димитриевски.

Инаку, претходно директорката на болницата Снежана Захариева апелираше кој може да се јави за волонтирање, бидејќи поради поголемите количини кислород што се трошат за лекување на ковид пациентите, техничкиот персонал не може да постигне со транспортот на боци.

Централниот довод на кислород во овој момент не може да се постави, бидејќи постојано во ковид одделите има пациенти и тоа може да биде опасно за оние што би го монтирале системот, рече директорката. Воедно причина за неговото отсуство е и недостаток на финансиски средства.

На дневно ниво, околу осумдесетина пациенти имаат потреба од кислород.

Radio Bum

April 7th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *