Вести
Претпладне магла, а попладне сончево со мала облачност и температури до 13 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Куманово, претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.








