Вести
За 24 часа казнети 77 лица во Куманово кои не носеле маски
Во последните 24 часа евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 107 лица се казнети бидејќи не ја почитувале законската уредба за задолжително носење на маска, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според официјалните информации на СВР Куманово во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28.12/29.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 107 лица не ја почитувалe, од кои 77 во Куманово, 18 во Крива Паланка и 12 во Кратово и ќе следуваат соодветни мерки.