Вести

Од германски државјани на Табановце запленети 15 000 евра и средства за нега на лице и заби

Од германски државјани на Табановце запленети 15 000 евра и средства за нега на лице и заби

Кај дваица германски државјани за влез во државата царинската управа на граничниот премин Табановце открила и запленила 15.000 евра, 328 производи за нега на заби (сетови за избелување, четки, гелови и пудри) и 7 производи за нега на лице (маски и средства за потемнување на кожа).

Непријавените производи биле во германски автомобил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, управуван од германски државјанин.

Производите за нега на заби и лице биле пронајдени во багажникот и на задното седиште на возилото, додека во рачна торбичка сокриена под совозачкото седиште биле пронајдени 35.000 евра, за кои патниците изјавиле дека се по половина сопственост на едниот и другиот патник. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека непријавените производи и 15.000 евра биле привремено задржани.

Против патниците се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Radio Bum

October 19th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *