Вести
Прваче од Основно училиште Крсте Мисирков позитивно на Ковид 19, цело одделение со наставничката ставени во изолација
Ученик од прво одделение од Основното училиште Крсте Мисирков од Куманово е позитивно на Ковид 19 . Детето симтомите ги добило од родител, а ги пројавило за време на продолжениот викенд, немало директни контакти со другите ученици , вели Александар Јовановиќ, директор на Основно училиште Крсте Мисирков.
,,Родителот пријави дека ученикот е позитивен на коронавирус, бил тестиран откако еден од родителите најпрвин пројавил симтоми се тестирал и бил позитивен, по што и целото семејство се тестирало и ученикот имал позитивен тест на Ковид 19. Преку одделенскиот раководител сум информирам дека ученикот имал благи симптоми со покачена телесна температура. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје , одлучија целото одделение да биде ставено во изолација заедно со наставничката поради превентивни мерки, децата се добри, а со наставата ќе продолжат онлајн – вели директорот Јовановиќ.
Сите мерки за превенција и заштита се почитуваат во училиштето, вели директорот Јовановиќ. Учениците носат маски и одржуваат дистанца , а инспекциските служби вршат редовна контрола и немаат никакви забелешки .
,,Ќе апелирам до родителите , учениците и наставниците сите да се однесуваме одговорно и да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирус- вели Јовановиќ.
Во Основното училиште Крсте Мисирков во Куманово редовна настава со физичко присуство учат учениците од прво до трето одделение.








