Вести
Во тек е реализација на завршната конференција во рамки на ЕУ проектот
ВО ТЕК Е РАЛИЗАЦИЈА НА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИ НА ЕУ ПРОЕКТОТ
“ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА“
Во рамки на ЕУ проектот “Туризам кој придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“ , започна завршна конференција (CB006.2.23.044) .
Конференцијата на тема “Туризам со грижа за културното наследство на прекуграничниот регион – уникатен ресурс за заедничко туристичко толкување и користење на културното наследство“ се организира од страна на Индустриско – трговската комора на Ќустендил во соработка со Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово и ќе биде со времетраење од два дена (07 и 08 октомври 2020 година).
Поради новонастанатата состојба со пандемијата COVID 19, завршната конференција за учесниците од македонската страна се оддржува во Куманово (Р. Северна Македонија), додека за учесниците од бугарската страна се оддржува во Ќустендил, Р. Бугарија. Конференцијата се оддржува во исто време со следење преку видеоконференциска врска.

ЕУ проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” е финансиран од програмата Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006.
Целта на проектот беше унапредување на соработката меѓу регионалните актери во областа на оддржливиот туризам во прекуграничниот регион на Североисточниот дел од Р. Северна Македонија (6 општини) и областа Ќустендил од Р. Бугарија (9 општини).
На конференцијата присуствуваат претставници од разни тур оператори од регионот, претставници од туристички агенции, претставници од хотели и ресторани, организации кои работат како тур оператори, плански региони, јавни институции и менаџери на разни субјекти кои се инволвирани во развој на туризмот и промоција на културното наследство во регионот.
Ресторанот Грација каде се одржува и дводневната конференција беше полн со гости од североисточниот регион (Старо Нагоричане, Липково, Кратово, Ранковце и Крива Паланка) и гости од Скопје, кои и утре ќе останат да бидат дел од овој настан.
Конференцијата ќе даде акцент на искористувањето на културното наследство како клучен ресурс за заедничко туристичко толкување и развој на културниот туризам.
На првиот ден од настанот уште еднаш беше посочено големото значење на богатото културно наследство со кое располага овој регион како средство за промоција и развој на туризмот.
Од страна на организаторите беа претставени сите досега имплементирани активности и реализираните резултати во рамки на проектот.
,,Денеска на оваа завршна конференција ќе се задржиме подетално и ќе дадеме отчет пред присутните на сите досега реализираните активности во рамки на проектот. Тука можам да ги издвојам изработените стратешки документи во рамки на проектот и нивното енормно значење за идниот развој на туристичкиот бизнис и промоција на потенцијалите на кутурното наследтсво. Поточно станува збор за направениот комуникацискиот план во рамки на проектот, стратегијата за културното наследство во прекуграничниот регион, изработените 8 видео записи и 10-те виртуелни тури од двете страни на границата, реализирани повеќе интересни настани и обуки за развој на туристичкиот бизнис и промоција на културното наследство.
Конференцијата ќе биде патоказ како на најдобар начин во иднина да го искористиме културното наследство во регионот како клучен фактор за заедничкото туристичко толкување и развој на културниот туризам.
Утре ќе можеме да споделиме добри практики и искуства од голем број присатни учесници (претставници на организации, тур оператори, туристички агенции и други стеикхолдери) во врска со развојот на туризам во прекуграниниот регион, но и да слушнеме нови идеи во сферата на културниот туризам кои ќе можеме во иднина да ги искористиме за развој на нови проекти карактеристични за културното наследство и развој на туризмот – истакна координаторот на проектот, Г-динот Димитар Ташевски.
Тој се заблагодари на сите присатни учесници на конференцијата, даде многу пофални зборови за бугарскиот партнер и посочи дека проектот е навистина успешно завршен со добиени конкретни резултати.
На конференцијата беше даден посебен осврт и на тематските вечери, кои и покрај состојбата со пандемијата COVID 19 беа од двете страни организирани на најдобар можен начин со оригинално претставување на сите традиции, обичаи, занаети, култура и историја карактеристични за овој прекуграничниот регион.
Инаку и овојпат настанот беше проследен со квалитетна on – line видео конференциска врска каде учесниците од двете земји постојано се гледаат меѓусебно и дискутираат за сите интересни теми.
Од страна на учесниците на настанот постојано се следеа сите презентации преку on – line врската.
Како што можевме да забележиме завршната конференција се организира на многу професионален начин од страна на двата партнери во проектот, со максимално запазување на сите потребни протоколи пропишани за заштита од пандемијата COVID 19 од страна на Министерство за здравство на Р. Северна Македонија.
Настанот се оддржа на отворено поради поголема сигурност на учесниците.
Проектот “Туризам кој придонесува културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“ е финансиран од Европската Унија, Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006.
www. https://rcku.org.mk/cultural-heritage/












