Вести
Oблачно време со повремен дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 20 до 29 степени.
Во Куманово претежно облачно со повремен дожд попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.
В четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен северозападен ветер, кој ќе услови значително опаѓање на дневните температури.








