Вести

Куманово да се изземе од новите мерки кои ги усвои владата, граѓаните ги почитуваат мерките

Куманово да се изземе од новите мерки кои ги усвои владата, граѓаните ги почитуваат мерките

Општинскиот штаб за заштита и спасување побара од владата, Куманово да го изземе од новите мерки , како превентива од коронавирус, за како што соопштуваат од штабот угостителите во Куманово и граѓаните ги почитуваат протоколите за работа и мерките за претпазливост. Во Куманово има 260 активни случаи , позитивни на Ковид 19.

Од штабот сметаат дека новите мерки ќе бидат лоши и ќе придонесат за поголемо групирање на младите во куќи и викендички, поради што ќе дојде до проширување на епидемијата.

,,Во врска со зголемување на мерките за заштита во ковид кризата и најавата за прогласување на денот недела како неработен ден за угостителските објекти, ОШЗС предлага на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на РСМ од оваа мерка да се изземе Општина Куманово. ОШЗС Куманово смета дека мерките и препораките на Владата во угостителските објекти на територија на Општина Куманово се почитуваат на задоволително ниво и е потребно само дополнителна контрола од надлежни инспекциски служби.

– Сметаме доколку се донесе една таква рестриктивна мерка на тој начин ќе се зголеми групирање на млади луѓе во паркови, детски игралишта, организирање на забави во приватни куќи и викендици, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата.

– Апелираме до сите организатори и учесници на протестите поврзани со образовниот процес да се почитуваат мерките за носење на заштитна опрема и одржување на минимум два метри дистанца. Во спротивно, истите претставуваат голем потенцијален ризик за ширење на епидемијата помеѓу самите учесници на протестите, граѓаните и случајните минувачи.

– ОШЗС ја информира јавноста дека заклучно до денес 05.10.2020 година епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е следна:

Вкупно регистрирани позитивни случаи 1473;

Вкупно оздравени случаи 1164;

Вкупно починати лица 49;

Вкупно активни случаи 260.

Radio Bum

October 5th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *