Вести

Нацртај детелинка, сподели среќа

Нацртај детелинка, сподели среќа

Со промотивна кампања,, Да бидеме општествено одговорни и слободни” првачињата денеска на градскиот плоштад учествуваа на манифестацијата ,,Нацртај детелинка сподели среќа”.

Организаторот на манифестацијата , Оливера Трајковска вели дека настанот е во соработка со компанијата „Бучен Козјак“ од Куманово.

– Настанот го посветивме на првачињата, со цел да им посакаме успешно поаѓање во училиште, иако задоцнето,на први Октомври, сакаме да создадеме амбиент на среќа во овие услови во кои што моментално живееме. Затоа и го насловивме „Нацртај детелинка, сподели среќа“ бидејќи детелинката е симбол на среќата, а и заштитен знак на компанијата „Бучен козјак“, изјави Трајковска.
Целта на кампањата е , како вели Трајковска , од најмали нозе на децата да им посочат за заштита на сопственото здравје, здрава исхрана и заштита на животната средина .

На најмалите од компанијата Бучен Козјак им беа подарени промотивни платнени торбички со производите на компанијата.

– На дечињата кои учествуваа на настанот им подаривме промотивни платнени торбички со производи и промотивен материјал на „Бучен козјак“. Ставаме акцент на употребата на пластични кеси за еднократна употреба со тоа што со користењето на платнените торби го редуцираме нивното користење, кој претставува закана за животната средина. Децата добија и пробиотик јогурт со цел од мали нозе да создадат навика на здрава исхрана и консумирање на производи кои се од витално значење за нивното здравје, појаснува Трајковска.

Од компанијата Бучен Козјак велат дека оваа е втора манифестација на која учествуваат на почетокот на учебната година.
,,Минатата година ја организиравме манифестацијата ,, Трка на радоста” , а годинава како општествено одговорна компанија учествуваме на манифестацијата ,,Нацртај детелинка, сподели среќа”- вели Наташа Денковска Бојковски.

Таа вели дека преку игра и забава за најмалите се прави промоција за здрави навики и здрава исхрана.

Организаторот на кампањата Оливера Трајковска вели дека ќе продолжат со организирање на вакви манифестации со вклучување и на институции.

Radio Bum

October 1st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *