Вести
Започна учебната година, во Куманово на училиште тргнаа 1 143 првачиња
Навреме почна учебната година за првоодделенчињата во Куманово, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од општина Куманово.
На подрачје на Куманово во вкупно 16 основни училишта во прво одделение во оваа учебна година поаѓаат 1.143 првоодделенци.
Дел од училиштата, утрово организираа и свечен прием за првачињата. Меѓу нив и основното централно училиште „Крсте Мисирков“. Директорот на училиштето, Александар Јовановиќ им посака добредојде на 134-те ученици во ова централно училиште.
– Почнува интересна и специфична учебна година, различна на тоа што учебната година започнуваше на 1 септември, а денеска сме 1 октомври, навикнати да гледаме голем број дечиња. Ковид 19 исцртува нов образован систем со онлајн настава и настава со физичко образование од прво до трето одделение. Да се надеваме дека брзо ќе замине Ковид 19 и ќе имате убави мигови и спомени во училиштето. -рече во обраќањето, Јовановиќ.
И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски рече дека е оваа е мошне невообичаена година за учениците и им посака успех, здравје, но и меѓусебна дружба.
На подрачје на Куманово речиси сите училишта во урбаната средина ќе ја спроведуваат настава онлајн освен учениците од прво до трето одделение. Во руралните средини, Комисијата дозволи настава со физичко присуство на учениците.








