Вести

Традиционалната вечер на македонско-бугарска култура одржана во Куманово

Традиционалната вечер на македонско-бугарска култура одржана во Куманово


Project title: “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” Ref: CB006.2.23.044

ТРАДИЦИОНАЛНАТА ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКА КУЛТУРА ВО НАЈДОБРО СВЕТЛО ГО ПРЕТСТАВИ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, ТРАДИЦИЈАТА, ОБИЧАИТЕ И ЗАНАЕТИТЕ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН

Во рамки на проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” се оддржа уште еден од серијата настани за промоција и претставување на културното наследство, традицијата, обичаите, историјата, старите занаети и туристичките потенцијали.
Настанот се оддржа во ресторан Грација, Куманово, на ден 25 септември 2020 година.
Традиционалната тематско културна вечер ќе остане запаметена по професионалниот начин на организација, богатата културна програма, енормниот број на учесници и релевентни гости, избор на кум на манифестацијата и присаство на најстарите фолклорни групи и традиции карактеристични за овој прекуграничен регион.

Преку песна, игра, свирење на традиционални инструменти, глумење и смеа организаторот на овој настан успеја на автентичен начин да го промовира уникатното културно наследство и традициите на прекуграничниот регион (Македонија – Бугарија).

Традиционалната вечер на македонско – бугарската култура ја водеше модераторот Лиде Стојановска, воедно и лиценциран туристички водичи во овој регион.
Таа даде еден интересен вовед за македонско – бугарската култура и традиција, по што следуваше обраќање на координаторот на проектот, Г-динот Димитар Ташевски.
Координаторот на проектот се задржа на досега имплементираните активности и големата улога на проектот во промоција на потенцијалите на културното наследство и развој на туристичкиот бизнис во овој регион.
По изборот на кумот на манифестацијата следуваше изведба на стари традиционални народни песни кои одблиску ја презентираа старата вековна традиција и културното наследство на овој регион (жени облечени во стари селски народни носии).
Отсликување на обичаите, традициите и културното наследство продолжи со изведба на староградски песни карактеристични за овој регион во придружба на стари народни инструменти и естрадни уметници за ваков вид музика.
Уникатниот начин на живот беше одблиску претставен преку изложбени простори на неколку стари занаети и нивно попсежно претставување од страна на модераторот на настанот и експертот ангажиран за подготовка и спроведување на програмата (грнчарство, крзнарство, производи од кожа, народни традиционални сувенири, ксантика, сликарство со срмен конец во филигрантска техника, опанчарство, ткаење и предење на килими, народни носии, традиционални производи од дрво, рачно везени и ткаени текстилни производи и сувенири кои допринесуваат за културно наследство во туристичкиот бизни).
Како дел од богатата културна програма на вечерта беше и претставување на традиционата македонска бугарска кујна. Тука на едно место имаше изложено повеќе стари народни специјалитети и јадења карактеристични за овој регион. На едно место покрај македонско – бугарската кујна имаше народни традиционални јадења и од алабнската, ромската и српската кујна.
Традицинаоната вечер заврши со 50-минутна изведба на една од најстарите народни фолклорни групи на овие простори, фолклорната група СРМА . Во неа членуваат преку 60 играорци кои изведуваат стари народни сплетови и се навистина многу добра група со голем број на награди, признанија и пофалници.
Беа изведени голем број на сплетови кои се обележје за овој регион. Поточно преку ора, танци, изведба на сплетови и игри беше на најоригинален начин претставена културата, историјата, традицијата, обичаите и културното наследство на овој прекуграничен регион (изведба на традиционални сплетови – водарка, поречки, копачија, бугарка, кумановска, пчински игри, беа само дел од традиционалните спетовите кои беа изведени на оваа традиционална македонско – бугарска вечер.
Настанот заврши со големо воодушевување и восхитување од страна на учесниците.
По незнам кој пат се потенцирање значењето на културното наследство во двата региони за развој на туристичкиот бизнис.
Традиционалната вечер на македонско – бугарската култура беше проследена со максимално запазување на сите потребни протоколи пропишани за пандемијата COVID 19 од страна на Министерство за здравство на Р. Северна Македонија.

Настанот се оддржа на отворено поради поголема сигурност за учесниците и гостите.

www. https://rcku.org.mk/cultural-heritage/

This project is co-financed by European Union through the Interreg – IPA CBC Programme
Bulgaria – The former Yugoslav Republic of Macedonia



European Union

Radio Bum

September 29th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *