Вести
Временска прогноза за вторник 29 Септември 2020
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Во Куманово ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.








