Вести

На Табановце промовиран зелен коридор или стоки што ќе имаат приоритет за минување преку граница

На Табановце промовиран зелен коридор или стоки што ќе имаат приоритет за минување преку граница

Зелен коридор или стоки што ќе имаат приоритет за минување преку граница , проект кој денеска беше презентиран на граничниот премин Табановце – Прешево.
Надлежните велат дека едно запирање на граничниот премин ќе го намали времето на чекање на превозниците , а тоа значи и безбедна стока. Со секоја минута чекање на граничните премини се губи по две евра, а во просек превозниците 80 % од животот го трошат за чекање на граничните премини.

Со зелен коридор, фирмата што ќе врши транспорт ќе го пријави камионот, односно стоката што се превезува, шпедитерите ги информираат царинската,здравствена, ветеринарната или фито-санитарната служба електронски, каква роба се носи и кој ќе треба да го прегледа, по што на едно место ќе се мери и ќе се прегледуваат документите и робата , со што нема да се задржува камионот на излез од Македонија и на влез во Србија , сега тоа ќе се прави на едно место, информира Емир Ѓикиќ-директор на CEFTA Секретаријатот.

Денеска на граничниот премин Табановце беше презентиран овој проект, претставниците на меѓународните организации Емир Ѓикиќ-директор на CEFTA Секретаријатот , Матеј Закоњшек-директор на ЕУ Транспортна заедница , Мајлинда Брегу-генерален секретар на Советот за регионална соработка , кои во придружба на Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа и Маринко Кочовски, помошник директор на Секторот за гранични работи и миграции во Министерството за внатрешни работи го посетија преминот, претстојуваат во Скопје за подготовки нa нови Повеќегодишни акциони планови за регионална економска област во Западен Балкан (Multi-annual Action Plan on regional Economic Area in the Western Balkans). Фокусот на оваа економска област останува на дигитално интегрирање, мобилност, трговија и инвестирање.
Освен со принципот на функционирање на зелените коридори, претставниците на меѓународните организации се запознаа и со постапките на One Stop Shop (контрола со само едно запирање), што се применува со соседна Република Србија од 26-ти август 2019 година, за забрзано одвивање на патниот и товарниот сообраќај, во согласност со одредбите на меѓународниот договор. Двете страни во континуитет се залагаат за унапредување и максимално искористување на предностите кои ги нуди ваквиот начин на работење, максимално искористување на расположливите ленти, натамошно адаптирање на инфраструктурата на граничниот премин кај товарниот сообраќај и техничко дооекипирање. На посетата присуствуваа и царински колеги од Србија – Саша Миленковиќ, управник на Царинарница Ниш и Сенад Радончиќ, шеф на Царинската испостава Прешево.

Емир Ѓикиќ-директор на CEFTA Секретаријатот, се заблагодари на царинската управа на Македонија и на сите службеници кои учествуваа за време на панедмијата на разбработка на овој проект кој беше успешен за месец дена од идејата, што не се случило ниту во ЕУ повече од 400 луѓе од различни управи од цефта страните уествуваат во разработката на идејата, царинските, ветеринарните фитосанитарни управи, управи за здравство за да оди побргу протокот на сотката.

,, Она што сакаме да работиме е да се поврзат коридорите со европските и да имаме вакви премини и на границите со ЕУ што не е случај , ги имаме во рамки на цефта, а сакаме да ги имаме и со ЕУ , за побрзо поминување на робата бидејќи најголем проблем кои ги имавме сите шест страни на ЦЕФТА беа со пренос на стока преку ГП кои водат кон ЕУ и таму колоните беа најдолги.

Ѓоко Танасоски – директор на Царинската Управа на РСМ вели дека и во време на пандемијата и пред тоа силно ја промовирале регионалната соработка во рамкитена Цефта заедно со парнетрите, Цефта Секретаријатот, регионалниот совет за соработка и секретаријатот на транспортсната заедница.

,,Потврда за вака високото ниво на соработка претсавува и денешната посета и средба од страна на генераланиот секретар на регионалниот совет на соработка и директорот на Цефта секретаријатот и директорот на тарснпортаната заедница. Во рамки на оваа соработка пред пандемијата беше развиен концепт на заеднички гранични контроли и one stop shop кои лани благодарение и на финансирањето од страна на ЕУ беше овозможено да се спроведе на овој граничен премин Табановце-Прешево, заедно со Р. Србија како прв чекор кон подобро економско и регионално соработување.
Соработката помеѓу четирите институции се покажа како исклучително важна и корисна во вереме на кризата кога со почетокот на кризата поради затварањето на границите постоеше сериозна опасност за нансеување економска штета на регионот и пошироко. Царинската управа на РСМ како претседавач на поткомитетот за царина и потелко на стоки во рамките на ЦЕФТА заедно со цефта секретатратот, со регионалниот совет за соработка како и со секретаријатот на транспортната заедница овоможи и ги оформи т.н. зелени коридоти кои треба да обезбедат 24/7 проток на стоки и транспортсни средства со што ќе се овозможи на економииите во време на криза да работат без погоеми потешкотии. Овие зелени короидри заедно со приоритетните листи на стоки, за брзо минување на границите се медицински материјали, лекови, прехранбени и земјоделски производи.

Мајлинда Брегу-генерален секретар на Советот за регионална соработка вели дека заедно сите шест земји од западниот Балкан како и ЦЕФТА секретатријатот и европскиот совет учествувале во отаварњето на зелените коридори.
,, На почеток на пандемијата моравме да обезбедиме проток на стоки и лекови, почнавме со 2000 камиони дневно, на камионите им требаше на почетокот и 20 часа чекање во редица за да поминат и тоа не е само исцрпувачки за возачите туку има и еконосмка цена, има трошоци за секоја минута што губи возчаот во редица губи две евра на час. Ако наравиме пресметка сите возачи на камиони 80 проценти од животот ќе го минат чекајќи во редици. Ако сите ние како ГП заедно се договориме да работиме и отвроиме зелени коридори кои ќе бидат отоврени 24/7 регионот ќе заштеди 800 милиони евра годишно и во моментов имаме околи 13.000 камиони кои транспорт, мислам дека овој проект е нешто за кое сите треба да извршиме притисок да се спроведе и ако успееме сите ние на нашите премини да ги спроведеме таквите коридидоти кои се 24/7 отворени и покажеме добар пример веројатно тоа ќе може да се преслика на сите премини во регионот. Зелени коридори меѓу нашите земји и со земјите членки на ЕУ”- вели Брегу.

Radio Bum

September 22nd, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *