Вести
Нема заштитни маски и антибактериски гелови во аптеките во Куманово
По информацијата дека едно лице е заразено со корона вирус, во аптеките во Куманово се потрошија сите маски и антибактериски гелови.
,,Ги поминавме сите аптеки и поснабдените маркети, никаде нема заштитни маски,- реагираат граѓаните на Куманово.
Се зголемува и потрошувачката на брашно, масло за јадење и конзервирана храна низ маркетите.
На последната пресс конференција во 17 часот претседателот на владата Оливер Спасовски , апелираше до граѓаните дека нема простор за паника.








